1. Лабораторија за скрининг на психо-активни супстанции

Лабораторија за скрининг на психо-активни супстанции

Лабораторија: Лабораторија за скрининг на психоактивни супстанци
Факултет: Медицински факултет Скопје
Универзитет: Св. Кирил и Методиј
Одговорно лице: Проф. Д-р Биљана Јанеска
  1. Примена на лаборатоијата (опис):
Во оваа лабораторија се утврдува евентуалното присуство на хипнотици, седативи, аналгетици, психотропни супстанци и наркотични дроги. Резултатите кои се добиваат во оваа лабораторија даваат насоки за понатамошни анализи. Предмет на овие испитувања се биолошки течности.
  1. Лабораторијата се користи за:
Во оваа лабораторија се изведуваат испитувања во сите случаи на хомоцидни труења, суицидни, случајни, медицински, како и при употреба на отровите како средства за задоволство (морфиноманија, хероиноманија, кокаиноманија и алкохолизам).
  1. Какви научно истражувачки и апликативни проекти може да извршува Лабораторијата?
Во оваа лабораторија се извршуваат токсиколошки анализи на биолошки течности за научно-истражувачки проекти во кои се проучува патологијата на шизофренијата како и причините за суицидите и нивната превенција. Анализите кои се изведуваат во оваа лабораторија се дел од националната програма за следење на смртност поврзана со дроги во соработка со MCDDA.
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.